Во 2017 Volkswagen најави дека познатото комбе од шеесеттите кое беше користено од страна на таканареченото „хипи“ движење, ќе добие своја модерна верзија. Името на новата верзија подоцна беше објавено дека ќе биде ID Buzz и се најави дека ќе биде целосно електрично возило.

Сега конечно имаме конкретни информации што точно може да се очекува од ова комбе. Тоа нема да биде направено да ја буди носталгијата на купувачите и со некаква имитација на стариот стил. ID Buzz во основа ќе биде автономно возило наменето за превоз на патници.

Името на возилото ќе биде ID Buzz AD (Autonomous Driving), ќе биде целосно електрично секако, а сега започнува со тестирање на технологија на Volkswagen која во овој случај се развива во соработка со компанијата Argo AI каде Volkswagen има инвестирано огромна сума на пари.

Возилото ќе започне со тестирање на технологијата за автономно возење, а се планира возилото официјално да биде пуштено во употреба дури во 2025 година преку MIOA, компанија дел од Volkswagen.

Презентацијата на новото возило беше направена од страна на Volkswagen и Argo AI рамките на 2021 IAA Mobility настанот кој се одржува во Минхен.

ИЗВОРTechCrunch
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаSignal тестира можност за плаќање помеѓу корисниците преку криптовалута
Следна статијаПробајте го Windows 11 преку вашиот прелистувач без потреба од инсталирање
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.