Официјалното пуштање на Windows 11 за сите корисници е закажано за почетокот на идниот месец. Доколку не сте корисник кој сака да инсталира бета верзии од оперативните системи и предвреме да го проба корисничкото искуство, сега имате уште еден начин како барем малку да добиете претстава каков ќе биде Windows 11.

Се работи за веб апликација, не за вистински оперативен систем во „облакот“, која е направена да наликува на Windows 11. Истата очекувано е направена во JavaScript и CSS, а користен е и React.

Со отворање на веб апликацијата, корисниците можат да добијат мала претстава за тоа како изгледа Windows 11, иако ова не може ни приближно да го долови вистинското искуство.

Сепак, тука е Старт менито кое е направено да изгледа како вистинското, тука е и централниот таскбар, како и Widgets делот кој се појавува од левата страна на екранот и покрај вести, прикажува и додатни информации.

Доста работи на функционираат, како што е Settings, File Explorer и слично, но сепак тоа е и очекувано, иако програмерите на оваа апликација најавуваат дека со тек на време ќе додаваат повеќе функционалности.

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаПознатото „хипи“ комбе од Volkswagen ќе се користи како автономно такси кое сега почнува со тестирање
Следна статијаВо ноември ќе се одржи четвртата годишна конференција за е-трговија во Македонија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.