Honda, кои го претставија својот план за производство на електрични модели, го прикажа изгледот на својот прв целосно електричен SUV, Prologue. Овој автомобил ќе почне да се продава во САД од 2024 година, а ќе видиме дали во Европа ќе има некоја варијанта, каде изборот на автомобили од овој производител е доста помал изминатите години во споредба со САД.

Honda Prologue, барем од тоа што може да се види од едната слика, која е само илустрација, е направен во карактеристичен Honda стил со футуристички додатоци и линии. Дизајнот е исто така направен во соработка со GM, па може да се каже дека Honda ја насочува својата енергија во главно за американскиот пазар за кого најмногу се прилагодува.

Покрај сликата, од компанијата не објавија ништо повеќе за овој автомобил, па со оглед на тоа дека ќе треба да се почекаат уште две години до неговото претставување, сигурно ќе видиме по уште некоја дополнителна информација.

Honda покрај најавата на Prologue, најавија дека од 2026 планира да почне да претставува модели направени со нивната e:Architecture, а од 2027 ќе почне со производство на подостапни електрични автомобили.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2Honda News
Претходна статијаМакедонците најмногу купувале онлајн од Обединетото Кралство, Ирска и Унгарија
Следна статијаКако безбедно да го „избришете“ вашиот компјутер пред да го продадете
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.