Фото: Shutterstock.com

Европската Комисија минатата недела поднесе предлог за забрана на продажба на нови автомобили кои работат на фосилни горива, односно автомобили кои работат на бензин и дизел, почнувајќи од 2035 година. Целта на овој предлог е да се намали емисијата на штетни за климата гасови, а проценките се дека автомобилите придонесуваат за 12% од вкупната емисија на јаглерод диоксид.

Од Комисијата дополнително предлагаат да до 2030 намалувањето на штетните гасови биде за 50%, по што би се стигнало до целта од 100% намалување во 2035 година.

Европската Комисија исто така додава дека треба да бидат инсталирани повеќе милиони полначи за автомобилите, кои до 2050 би стигнале до бројката од 16,3 милиони. Ова се смета како начин за мотивација за поголема продажба на електричните автомобили кои сега дефинитивно трпат поради слабата мрежа на полначи.

Идејата е да се донесе закон според кој полначите за автомобилите ќе мора да ги има на не повеќе од 60 километри растојание.

Овој предлог секако сега ќе мора да помине долг процес на дискусија во Европскиот Парламент, како и помеѓу земјите членки, па се очекува дека законот, доколку биде донесен, ќе биде донесен за неколку години.

Иако одредени производители на автомобили веќе најавија слични планови за целосно префрлување на производството на електрични автомобили, сепак се очекува дека за одредени производители ова ќе претставува проблем. Во ЕУ се наоѓаат поголемиот број на автомобилски производители, затоа се очекува овој предлог да помине сложено како и доста други специфични предлози.

ИЗВОРTNW
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаNvidia ги донесува своите Ray Tracing и DLSS технологии на уредите кои работат на ARM чипови и Linux
Следна статијаУспешно изведен првиот лет со луѓе на Blue Origin
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.