Office сервисот, како и апликациите кои се дел од него, обично се нарекувани едноставно само со нивното име, односно Office, Word, Excel, PowerPoint и слично. Ова единствено не е случајот со онлајн, односно веб верзијата од Office, каде сервисот и апликациите ја имаат додавката „Online“.

Од компанијата решија да не ги издвојуваат овие верзии од Office од останатите, па овој сервис, без разлика каде е достапен, ќе го има едното и универзално име. Со тоа корисниците ќе знаат дека го користат овој познат сервис и неговите апликации кои се достапни на повеќето платформи.

Од Microsoft истакнуваат дека во одредени ситуации, кога е потребно точно нагласување и издвојување, може да го користат терминот Office for web, како што е случајот со, на пример, Office for Android.

Ова сигурно нема да им направи некоја разлика на корисниците кои ги користат веб верзиите од Office, меѓутоа дефинитивно ќе придонесе кон унифицирање на брендот и намалување на забуната.

ИЗВОРMicrosoft
ИЗВОР 2ZDNet
Претходна статијаApple го купува бизнисот со модеми за смартфони на Intel заедно со вработените за 1 милијарда долари
Следна статијаНоќно фотографирање со телефон – неколку совети од професионален фотограф
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.