Microsoft претстави нова функција кај Edge прелистувачот која треба да помогне во перформансите, односно менаџирањето на ресурсите на компјутерот за подобра работа. Иако од компанијата уште не даваат повеќе детали како точно ќе функционира оваа новина, може да се види само дека се прави оптимизација на брзината, времето на реагирање, меморијата, процесорот и искористувањето на батеријата.

Performance Mode е името на новата функција е ќе биде дел од System делот во прилагодувањата. Моментално е дел од Edge 91 Canary, па се очекува дека ќе биде пуштена за сите корисници кога оваа верзија ќе стане достапна во својата стабилна форма.

При активирањето на Performance Mode се трга можноста за вклучување на Sleeping Tabs, што е очекувано дека овој дел би станал менаџиран од новиот режим за работа.

Microsoft дефинитивно прави доста да нивниот прелистувач кој е базиран на Chromium ги нема недостатоците поврзани со перформансите по кои е познат Google Chrome. Edge веќе троши нешто помалку RAM од својот конкурент, а со додавањето на вакви можности, разликата може и значително да се зголеми.

ИЗВОРMicrosoft
ИЗВОР 2Windows Central
Претходна статијаHuawei го претстави новиот електричен автомобил SERES SF5
Следна статијаParler доби дозвола од Apple апликацијата повторно да биде достапна во AppStore
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.