Фото: Shutterstock.com

History делот кај прелистувачите е можеби една од поретко користените функции кај овие апликации. Веб страните кои биле посетени од страна на корисникот може да се пребараат и преку лентата за адреси, па во History се оди само кога навистина се бара нешто за кое е заборавено и името.

Google планира да го унапреди овој стар и досаден дел од Chrome со воведување на нова функција наречена Memories. Оваа функција ќе ги прикажува посетените веб страни од корисникот, односно History делот, но во различна форма од таа достапна сега која е само листа според датата.

Memories ќе ги прикажува страните поделени во различни групи, како на пример според омилените страна на корисникот, според групираните табови, а останува и можноста за разгледување на сите страни.

Изгледот на Memories ќе биде исто така поразличен од History, па би требало корисници полесно да дојдат до саканата страна, а и да почнат да го користат овој дел почесто.

Memories моментално е дел од Chrome Canary тест верзијата, па се очекува дека ќе им стане достапна на сите корисници некаде од ова лето, односно кога ќе стане достапна оваа верзија во својата „стабилна“ форма.

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаStarlink од SpaceX ќе може да нуди целосно мобилен интернет до крајот на годината
Следна статијаHuawei ја претстави IdeaHub таблата за паметни канцеларии и образование
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.