Google објави дека нивниот прелистувач Chrome ја добива поддршката за „Live Caption“, односно преводи или „титлови“ во живо. Оваа функција беше достапна веќе на мобилната верзија од Chrome, па сега корисниците ќе можат да ја користат и на десктоп.

За почеток Live Caption функционира само со англиски јазик, а во иднина сигурно ќе добие поддршка и за повеќе јазици.

Сепак, кога ќе се земе во предвид целта на една ваква функција и англискиот јазик е доволен за повеќето да ја добијат користа. Live Caption како функција е замислена да им помогне на луѓето кои имаат проблеми со слухот, поради тоа што повеќето сервиси и немаат можност за титлување на содржината.

Live Caption функционира со повеќето видео и аудио „плеери“ на интернет, што значи дека ќе нема содржина на англиски која нема да може да биде прикажана во форма на текст во вистинско време.

Покрај за луѓето со проблеми со слухот, Live Caption се истакнува како одлична во ситуации кога се гледа некоја видео или слуша аудио содржина во околина во која има доста бучава, па слушањето е тешко или невозможно.

Live Caption е дел од Accessibility делот од прилагодувањата, од каде што и може да се вклучи или исклучи.

ИЗВОРGoogle
Претходна статија10-тото издание на Стартап Викенд Скопје – овој пат онлајн
Следна статијаМакпетрол Инфо Поинт: Празен акумулатор – како правилно да го стартувате возилото
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.