Не треба да дозволиме пандемијата да го сопре развојот на нови бизнис решенија – велат организаторите на Стартап Викенд Скопје, кои оваа година стојат позади 10-тото јубилејно издание на овој настан.

Стартап Викенд Скопје е 54 часовен настан кој ги обединува претприемачите, иноваторите, стартап ентузијатите и креативците со цел за време на само еден викенд, тимски да направат победничко бизнис решение. Традиционално настанот се одржува во живо, но поради моменталната ситуација, исто како и минатата година, настанот ќе се одржи онлајн за време на викендот 16-18 АПРИЛ.

Учеството е бесплатно и можеш да обезбедиш карта ТУКА

Затоа што сите активности ќе се одвиваат онлајн на платфомите Discord и Zoom, на настанот можат да учествуваат сите стартап ентузијасти од С. Македонија од комфорот на нивниот дом. Пријавување со идеја или без, настанот нуди големи придобивки за сите учесници, од дружење и развивање на комуникациските вештини, до стекнување контакти со искусни ментори, и многу вредни награди за победничкиот тим – велат организаторите од Тимот на Solveo, кои го организираат Стартап Викенд Скопје по 4-ти пат.

Учеството е БЕСПЛАТНО, но местата се ограничени и затоа ако имате генијална бизнис идеја, или пак сакате креативна стимулација и дружење, побрзајте да го резервирате вашето место ТУКА!

За повеќе информации посетете ги Facebook и веб страната на настанот. 

Претходна статијаWikimedia сака да почне да им наплаќа на големите компании кои ги користат информациите од Wikipedia
Следна статијаGoogle Chrome на десктоп доби можност за прикажување преводи во вистинско време