Fluent Design ќе донесе поголема унифицираност на мобилните апликации на Microsoft

Новиот дизајн го добиваат Office апликации од компанијата, а тие го отвораат овој систем и за другите програмери кои сакаат да го користат

Fluent Design, како што го нарекува Microsoft својот унифициран дизајн систем, не е нешто ново од компанијата. Тие овие дизајн правила за корисничкиот интерфејс веќе неколку години ги развиваат за Windows 10, но никако доволно да почнат да ги користат, па дури имаше и критики за различниот стил во самиот оперативен систем.

Од компанијата изгледа конечно ги имаат решено внатрешните проблеми, така да ги наречеме, па Fluent Design конечно ја добива својата форма и ќе почнеме да го гледаме во се’ повеќе апликација од Microsoft.

Од компанијата најавија редизајнирани верзии и унифицирање на Office апликациите за мобилните уреди. Нов изглед добиваат, иако дел од овие апликации веќе со месеци одат во тој правец, Outlook, OneDrive, Word, Excel и PowerPoint.

Апликациите ќе се карактеризираат со лента во боја на горната страна, како и лента со брзи функции на долната страна. Овој изглед веќе можевме да го видиме во новата Office апликација за Android и iOS, која ги има во себе Word, Excel, PowerPoint, како и уште неколку други апликации. Истата е во бета верзија и за неа можете да прочитате тука.

Ова е апликацијата која го покажува Fluent Design на дело, а тука секако не е само изгледот на корисничкиот интерфејс, па тука е и функционалноста на самата апликација.

Од Microsoft имаат тестирано како корисниците ги користат своите апликации во повеќе земји во светот и имаат дојдено до заклучок дека иако корисниците во просек поминуваат по 4-5 саати на својот мобилен, тоа го прават во кратки серии по околу 30 секунди.

Целта на новиот дизајн на апликациите на Microsoft е да во тој краток период корисниците можат да ги видат најпотребните информации и да завршат што можат повеќе работа. Тоа е и целта посебно на апликациите како тие од Office пакетот.

Интересно е што Microsoft планира да го отвори Fluent Design и за другите програмери кои би сакале да ги направат своите апликации според овие дизајн правила. Ќе треба да видиме дали програмерите би се одлучиле за такво нешто кога веќе го имаат Material Design од Google, но доколку некој дизајн е добар, никогаш нема да биде вишок и непотребен.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаШто ќе значат законските промени во Германија за Биткоин?
Следна статијаДали политичар смее да банира луѓе на Твитер?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.