Пред некој ден беше објавена вест дека Германскиот Парламент (поточно, засега само Долниот дом) донел закон со кој од 01 јануари 2020 година им се дозволува на банките директно да продаваат и чуваат криптовалути. Потегот е поздравен од сите засегнати страни во Германија – од регулатори, бизниси и крипто-ентузијасти, па се до банките.

Како што веднаш се посомневав кога ја прочитав веста, всушност главното влијание за промена на законодавството се DeutcheBank кои подолго време веќе лобираат да се либерализира законодавството и да им се дозволи на банките влез во крипто-светот на ЕУ ниво. Во тимот истражувачи на ДојчеБанк има одлични економисти кои имаат солидо познавање и од Австриската економска школа што е еден вид на „идеен татко“ позади Биткоин.

Од друга страна, најверојатно им се смачи на германците од чекање на ЕУ, па ги превземаа работите во свои раце со што предлагаат промени на ЕУ ниво (во директивата за спречување на перење пари), но во меѓувреме го либерализираат германскиот банкарски пазар.

Впрочем, голем број инвеститори и претприемачи подолго време зборуваат дека што банките подолго чекаат тоа повеќе губат, без разлика што се’ уште постојат голем број непознати и ризици (особен околу сајбер-безбедноста) околу криптовалутите (higher but manageable risk > higher return). Иако банките се по природа конзервативни институции немаат луксуз да не го следат технолошкиот развој – колку и да самите криптовалути дури и да го загрозуваат постоечкиот монетарен модел. Особено во услови на екстра ниски камати (со што се намалува нето-каматната маргина на банките од која потекнува профитот).

Очекувано, веќе дел од компаниите најавија влез во германскиот пазар (Crypto Storage, Crypto Finance, итн.). И овој потег од ваков голем играч на светските пазари како Германија треба да има и големо позитивно влијание врз прифатливоста и зголемување на користењето на криптовалутите.

Интересно е како – и дали – воопшто германците ќе ја размрдаат цела ЕУ, а со тоа и нас. Иако се додека сме надвор од ЕУ имаме горе-доле слобода во креирањето на законите, сепак, за мене нејасно зошто, Македонија има заземено стратешки пристап да го копира ЕУ законодавството и таму/кога не мора.

Претходна статијаМладински културен центар распишува повик за избор на 6 авторски цртежи кои ќе се реализираат во рамки на проектот „Градот убав“ или „Skopje street and art gallery 2“
Следна статијаFluent Design ќе донесе поголема унифицираност на мобилните апликации на Microsoft
Крипто-ентузијаст и љубител на СФ и хорор стрипови.