По одлично реализираната прва галерија на отворено во рамки на еден од најзначајните објекти од современо Скопје – Градскиот трговски центар, ја продолжуваме оваа иницијатива за создавање на втора таква галерија, која ќе се реализира во катната гаража „26 Јули”.

За учество на повикот, заинтересираните треба да достават по електронски пат (мејл) портфолио со претходно реализирани мурали на или во слични манифестации и опционално нивната замисла (скица) за посочениот простор.

Активностите ќе се реализираат од 20-22 декември 2019 година.

За реализација на делата е предвидена временска рамка од 3 дена, на еднакво распределени површини / 1 x (10m x 2.5m) + 2x (2x 2.5 m) /. Организаторот за потребите на проектот ќе обезбеди материјали за изработка на делата, храна и пијалоци во текот на работењето, фотодокументација и архивирање, како и еднакви хонорари за авторите согласно обезбедените средства.

Полињата за работа претставуваат чисти армирано бетонски платна, кои доминантно се слободни, но на дел од нив се поставени инсталации (ел. кабли, штекери, одводни цевки), кои треба да бидат инкомпорирани во сликата, на начин кој нема да ја загрози нивната функција.

Материјалот електронски можете да го доставите најдоцна до 10 декември, 2019 година, на адресата: info@mkc.mk со наслов на пораката : Име и презиме / Skopje street and art gallery 2.

Организаторот на 12 декември ќе ги објави јавно резултатите.

Нема да бидат разгледувани скици со недолична содржина, дискриминаторски пораки и навреди на која било основа.

Организатори на овој проект се Младинскиот културен центар и Град Скопје. Проектот е дел од програмата CreArt (Network of Cities for Artistic Creation)

Претходна статијаПрва македонска компанија која добива меѓународна награда за мулти платформско решение
Следна статијаШто ќе значат законските промени во Германија за Биткоин?