Mozilla во најновата верзија од Firefox, односно Firefox 71, вклучи нова функција наречена „picture-in-picture“. Како што може да се претпостави од самото име на функцијата, истата овозможува да кога се гледа видео, на пример на YouTube, видеото се издвои во мал посебен дел поставен врз прелистувачот и со тоа корисникот да може да продолжи да сурфа и во исто време да го гледа видеото.

Оваа нова функција работи со најпознатите страни со видео содржина, но бара тие да се во HTML5. Тоа значи дека корисниците ќе можат да ја користат функцијата на страни како YouTube, Vimeo, но истата функционира и на Netflix.

Вклучувањето на picture-in-picture е многу едноставно. При пуштање на некое видео на поддржаните страни, кога ќе се помине со курсорот врз видеото се појавува сино копче на кое пишува picture-in-picture. Кога истото ќе се кликне, видеото ќе се истакне во свој посебен дел.

Оваа функција за почеток е достапна само за корисниците на Windows, по што ќе им стане достапна и на корисниците на macOS и Linux во наредната верзија од прелистувачот која треба да биде пуштена во јануари идната година.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.