NPE Team, односно new product experimentation делот од Facebook, претстави нова апликација наречена Sparked. Оваа апликација е замислена како еден вид на брзи видео „дејтови“, но со акцент на луѓе кои се љубезни.

Апликацијата, како што може да се претпостави од секторот кој ја има развиено, е експериментална и прашање е воопшто дали од Facebook ќе се решат да го дадат вниманието на целата компанија.

Идејата за Sparked е да корисниците имаат по четири минути да разговараат помеѓу себе на видео повик, без пораки, лајкови и слично. После тие четири минути, разговорот се прави со нова личност, односно нешто слично како познатиот speed dating во живо.

Доколку некои луѓе си се допаднат, можат повторно да разговараат, овој пат со ограничување од десет минути, по што можат да разменат контакти и слично за да ја продолжат интеракцијата понатаму.

Facebook веќе има „дејтинг“ апликација, односно сервис кој е дел од мрежата, Facebook Dating, но уште не е достапен во целиот свет. Сигурно мали се шансите Sparked да стане достапна претходно.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаВрховниот суд во САД одлучи дека блокирањето на корисници од страна на Трамп на Twitter не е неуставно
Следна статијаHUAWEI FreeBuds 4i го добија сертификатот од SGS – Smart Green Certification
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.