Shutterstock.com

Пред скоро две години, по тужба од страна на повеќе корисници кои биле блокирани на Twitter од страна на претседателот Доналд Трамп, Апелационен суд во Њујорк донесе одлука дека Трамп тоа не смее да го прави. Причината за тоа, која беше дадена, е дека тоа е спротивно на првиот амандман на уставот на САД, преку кој се штити слободата на говорот.

Според судот, првиот амандман забранува службени лица кои користат друштвени мрежи за владини цели да ги исклучат луѓето од „инаку отворен онлајн дијалог“ затоа што тие кажуваат работи кои службеното лице ги смета за непогодни.

Сепак, сега, скоро две години подоцна, Врховниот суд на САД одлучи спротивно на одлуката од Апелациониот суд, односно истата ја поништи. Според Врховниот суд, блокирањето на корисници не е неуставно и не го нарушува првиот амандман на земјата.

Ова сега може да се каже дека не е толку важно лично за Трамп поради тоа што тој веќе не е на мрежата, односно неговата сметка беше избришана по случувањата во конгресот за време на верификацијата на гласовите од минатогодишните избори.

ИЗВОРTechCrunch
Претходна статијаMicrosoft ја купува компанијата Nuance за 19,7 милијарди долари
Следна статијаFacebook тестира апликација за брз видео „дејтинг“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.