Со промената која беше најавена за iOS 14, со која на корисниците ќе им се даде избор дали сакаат да дозволат апликациите да ги следат нивните активности, дојде и обврската за програмерите да ги објават сите информациите кои ги следат, односно собираат.

Очекувано, на врвот на листата на „собирачи“ на информации се наоѓаат Facebook и Instagram, но се покажа дека и Google имаат доста долга листа на информации кои ги собираат.

Оваа ситуација ја искористија од DuckDuckGo, конкурентот на Google чиј бизнис модел е направен да биде спротивен на тој од Google. Тие објавија „твит“ каде истакнуваат дека после месеци на одложување, Google конечно откри колку лични информации собира преку Chrome и Google Search. Не е чудно што тие сакале тоа да го сокријат, завршуваат од DuckDuckGo.

Листата е навистина голема, иако не значи дека се од неа се собира за секој корисник. Сепак, корисниците можат да исклучат дел од работите во прилагодувањата за приватност во апликациите.

Од листата се гледа декa Google собира скоро се што е можно преку мобилните апликации, а листата не е мала ни во делот кој е означен како информации кои се поврзани директно со корисникот.

Во продолжение „твитот“ од DuckDuckGo, каде е достапна и целата листа со информации кои ги собира Google.

ИЗВОРThe Register
Претходна статијаMicrosoft ја прошири достапноста на PowerPoint Presenter Coach на сите платформи
Следна статијаWindows 10X сега се најавува дека ќе биде претставен во втората половина од годината
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.