Преку проверка на кодот, чест начин преку кој се откриваат идни функции кај апликациите, откриена е нова функција на Digital Wellbeing апликацијата која е дел од Android оперативниот систем. Новата функција е наречена „Heads Up“ и е замислена да ги известува корисниците кои имаат навика да гледаат во својот мобилен додека се во движење.

Heads Up корисниците сами треба да ја вклучат, по што секогаш кога пешачат и го користат својот мобилен, ќе добијат известување кое треба да ги потсети да гледаат напред.

Оваа новина е дел од кодот на најновата верзија од Digital Wellbeing, па не е сигурно дека сигурно ќе стане достапна за корисниците. Од Google сигурно прво ќе почнат и да ја тестираат, по што би се одлучило дали да им се овозможи на сите.

Инаку, не е чудно што ваква функција би била додадена во Digital Wellbeing. Оваа апликација е замислена да им овозможи на корисниците информација за тоа колку го користат својот мобилен телефон, со надеж дека тоа ќе влијае кон намалување на големиот број на часови на користење.

ИЗВОРXDA-Developers
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаVerizon и Nokia ќе постават приватна 5G мрежа на пристаништето во Саутемптон
Следна статијаПрвиот Google Pixel часовник прикажан на неофицијални „рендери“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.