Почнувајќи од 86-тата верзија на Firefox, која треба да стане достапна идниот месец, „Backspace“ копчето на тастатурата, односно копчето кое се користи за бришење на напишаниот текст, веќе нема да ја активира „back“ функцијата на прелистувачот.

Ова значи дека ако корисниците притиснат на копчето, Firefox веќе нема да ги врати на претходната страна која ја имале отворено, а тоа ќе треба да го направат на друг начин, односно со притискање на копчето на прелистувачот, со брза функција на нивниот „маус“ и слично.

Причината за оваа одлука е во претпоставката на Mozilla дека поголемиот дел од притискањата на ова копче се со цел да се избрише некој текст, со што доаѓа до губење на податоците кои биле внесени пред да се врати прелистувачот на претходната страна.

Во тој правец оди и статистиката која говори дека другите најчесто користени кратенки се користат околу 15 милиони пати месечно, за разлика од „back“ која оди до 40 милиони. Се верува дека корисниците не ја користат оваа функција до толку почесто, туку дека се работи за бришење на текст.

Проблемот кој настанува е нешто кое сигурно на доста од вас ви се има случено. Курсорот сте мислеле дека е поставен на формата со текст која ја пополнувате, но имате заборавено дека со маусот имате притиснато на друго место, по што притискањето на „Backspace“ ве враќа на претходната страна, губејќи се што имате пополнето претходно.

Google уште пред некоја година ја направи оваа промена, па веруваме дека повеќето корисници нема да ја забележат или нема да им фали. Сепак, доколку некој би сакал да продолжи да го користи „Backspace“ копчето за враќање на претходната страна, тоа ќе може да продолжи да го прави со внесување на вредност 0 во browser:backspace_action во about:config.

ИЗВОРZDNet
Претходна статијаNinja Cookie автоматски ќе ги исклучува досадните „попапи“ за согласност за „колачиња“
Следна статијаНиски температури, снег, голомразица и влажни коловози – возете внимателно
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.