Zoom, кои станаа синоним за видео конференции за време на корона кризата и кои ги мотивираа да им конкурираат Microsoft и Google, сега планираат и тие да влезат на пазарот кои овие две компании го држат.

Од компанијата за време на нивниот Zoomtopia настан, меѓу другите новини, ги најавија и Zoom Mail и Calendar. Со тоа Zoom им нуди алтернатива на корисниците кои сега ги користат сервисите од Microsoft, Google, Zoho и другите.

Mail и Calendar ќе бидат достапни во две форми, односно како клиент софтвер и како сервис.

Тоа значи дека корисниците кои веќе го имаат решено „проблемот“ со нивниот имејл сервис, ќе можат да ја користат Zoom десктоп апликацијата како клиент за нивните пораки и календар. Со тоа корисниците треба да го скратат времето кое го трошат на префрлување од една на друга апликација и слично, а од Zoom истакнуваат дека корисниците трошат до четири часа во неделата на оваа активност.

Покрај оваа можност, корисниците ќе можат да ги користат Zoom како сервис за Email и Calendar, без потреба да користат друг сервис, како тој на Microsoft 365 на пример.

Можноста за користење на сопствен домен ќе биде достапна само за одредени корисници, односно тие кои плаќаат повисока месечна претплата за Zoom, додека другите ќе мора да користат домен од Zoom.

Дел од карактеристиките на овој сервис од Zoom ќе биде шифрирање на пораките кога и двете страни го користат сервисот од компанијата, нешто што може да е доста важно за одредени бизниси.

ИЗВОРZoom
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаНови најави за уредот на Apple за проширена реалност за идната година
Следна статијаДвоцифрен раст на вредноста на брендот Samsung Electronics како еден од најдобрите пет светски брендови во 2022 година
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.