reddit

YouTube го претстави својот нов дизајн кој покрај другото, вклучуваше и темна тема, пред една година. Овој редизајн прво беше пуштен на десктоп верзијата од сервисот, односно на веб страната на сервисот, по што постепено беше прилагоден и на мобилните апликации.

Темна тема од корисничкиот интерфејс е нешто што е навистина популарно и барано од страна на корисниците. Тие често користат посебни апликации или „хакови“ со цел да го затемнат интерфејсот, а покрај естетската предност која сепак е работа на вкус, на сервис како YouTube има и практична предност. Со темната тема, видеото кое се гледа излегува повеќе во преден план, односно од него доаѓаат светлите елементи на екранот, па околината на го привлекува вниманието непотребно.

Оваа тема беше најавена и за мобилните апликации оваа година, па YouTube на iOS веќе неколку месеци ја има оваа тема. Конечно истата стана достапна и за корисниците на Android, оперативниот систем на Google.

Вклучувањето на темата се случува автоматски кога истата ќе стане достапна за вашиот уред. Посебен „попап“ се појавува при првото стартување на апликацијата од кога темната тема станала достапна, а преку него се нуди можноста да се исклучи доколку, нели, не ви се допаѓа.

Инаку, вклучувањето на оваа тема ќе се прави преку Settings >  General, па доколку е достапна во вашата верзија, ќе има дел Dark Theme.

ИЗВОРAndroid Authority
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаФитнес канали на Јутјуб кои вреди да ги следите
Следна статијаНСА уште си нема зачистено „по дома“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.