Ќе си рече човек дека после она што го направи Едвард Сноуден, НСА ќе бидат мотивирани да ги затегнат безбедносните процедури во својата организација и да не дозволат да се случи нешто слично во иднина.

Меѓутоа, ако се верува на последните извештаи, тие не го сториле тоа, и вратата е отворена за сличен инцидент.

Канцеларијата на генералниот инспектор во НСА објавил ревизорски извештај во кој е наведено дека дупките во безбедноста кои постојат уште од „ерата на Сноуден“ се’ уште не се адресирани. Една таква мерка која не е целосно имплементирана е т.н. „two person access control“ според која пристапот на едно лице до сензитивни информации во НСА мора да биде авторизиран од друго лице.

Она што е уште позачудувачки е тоа што НСА очигледно не ги проверува темелно усб стиковите за вируси и малвери. Исто така, нивните планови за безбедност се или „недовршени“ или „неточни“. Вчудоневидувачки за една организација која треба да ја гарантира безбедноста на стотици милиони луѓе.

Поради ова, НСА е ранлива на хакерски напади и повторување на фијаското што им се случи со Сноуден во 2013 година. Всушност, неодамна беше откриен и сличен случај (во помали размери) при што беше објавено дека голем број на податоци од НСА биле преземени од едно лице и предадени на The Intercept. Информациите наводно ја докажуваат вмешаноста на руските безбедносни служби во претседателските избори во 2016 година.

Да сумираме: откако во 2013 година Сноуден објави милиони документи во кои се открива како НСА ги шпионира граѓаните на САД и на многу други земји, НСА не презема ништо за да спречи такво нешто да се случи во иднина. Нивната безбедносна процедура е еднаква на таа што ја имплементира 18-годишник што го отстранува усб-то без да кликне „eject“.

Изгледа луѓето што работат во НСА се навистина толку наивни како во оваа сцена од „Сноуден“.

Претходна статијаТемната тема на YouTube почнува да станува достапна на Android
Следна статијаYouTube на десктоп ќе се прилагодува на форматот на видеото и големината на екранот