Иако поддршката не стартува официјално сега, повеќето корисници на уреди со KaiOS, отсега ќе можат да ја инсталираат познатата апликација за разговори, во сопственост на Facebook, WhatsApp.

Оваа апликација ќе има поддршка за разговори и аудио повици, а шифрирањето на разговорите кое е карактеристика на апликацијата, ќе биде достапно и во оваа верзија.

До крајот на годината, повеќето нови телефони кои ќе работат на KaiOS ќе дојдат со веќе инсталирана WhatsApp апликација.

Овие телефони можеби некој ќе се зачуди зошто уште се произведуваат, па покрај моделите кои ги враќаат назад едни од најпопуларните стари модели како Nokia 8110, овие телефони сепак имаат верни купувачи.

Во главно постојат две причини зошто уште има пазар за овие телефони. Едната е што уште има доста луѓе кои не сакаат да користат паметен телефон и сите апликации и известувања кои доаѓаат со него.

Втората причина е што во одредени земји, корисниците единствено можат да си ги дозволат овие телефони, а кога на тоа ќе се додаде и послабата покриеност со интернет, поседувањето на паметен телефон е нешто што не е потребно.

Достапноста на WhatsApp е секако добредојдена на овие уреди. Корисниците кои не сакаат паметен телефон, сигурно би ценеле да имаат некои од познатите апликации, а посебно тие кои се наменети за комуникација и одамна го заменија користењето на SMS пораките.

ИЗВОРKaiOS Technologies
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаMicrosoft ќе инвестира 1 милијарда долари во OpenAI
Следна статијаРСБСП со апел: Останете будни, концентрирани и внимателни секогаш кога сте зад воланот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.