После подолго време на тестирање на апликацијата, Meta ја пушти целосно новата верзија од WhatsApp за Windows десктоп компјутерите. Оваа нова апликација е целосно изработена за овој оперативен систем, односно не е прилагодена како што често се случува.

Поради „native“ преработката на WhatsApp, корисниците добиваат подобри перформанси на апликацијата која исто така доби и освежен изглед кој може да се каже дека малку потсетува на Messenger.

Втора главна новина кај WhatsApp за Windows е што е направена да функционира независно од смартфонот, односно корисниците веќе нема да мора да го држат нивниот телефонот до нив и поврзан на интернет за да можат да ја користат десктоп апликацијата.

WhatsApp десктоп апликацијата досега беше веб апликација која можеше да се користи како десктоп апликација, па новата верзија прави навистина голема разлика.

Апликацијата може да се симне преку Microsoft Store на следниот линк и е достапна за Windows 10 и Windows 11.

Можноста за поврзување од повеќе уреди е ограничена на четири, а сите овие ја добиваат стандардната заштита на разговорите, односно „end-to-end encryption“.

На macOS останува да функционира веб апликацијата, а од компанијата истакнуваат дека посебно развиена верзија за овој систем е во изработка.

ИЗВОРWindows Central
Претходна статијаWinamp нема да остане само софтвер за пуштање на mp3 музика
Следна статијаИскусете ја новата серија Samsung Galaxy Z
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.