Tinder слободно може да се каже дека е мрежата број 1 во светот за запознавање на луѓе за „романтични цели“. Еден од главните проблеми кај ваквите мрежи е идентитетот на луѓето, односно сигурноста дека корисниците разговараат со вистинската личност која другата страна тврди дека е.

За потврда на идентитетот Tinder со години воведува одредени алатки, а сега на корисниците ќе им биде достапна уште една.

Потврда на идентитетот со личен документ е можност која од компанијата ја тестираат во Јапонија уште од 2019. Истата сега е спремна да им биде пуштена на корисниците од остатокот од светот, па во месеците што следат корисниците ќе почнат да ја добиваат.

Според Tinder, овој начин на потврда на идентитетот ќе биде на доброволна основа, односно нема да стане услов за користење на апликацијата. Во соработка со препораките од експерти, како и од корисниците, Tinder ќе одлучи кои лични документи се соодветни за секоја земја да се сметаат како меродавни.

Со оглед на тоа дека оваа можност нема да биде обврзувачка, пак ќе остане процентот на корисници кои не сакаат да го објават својот вистински идентитет на апликацијата.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2Tinder
Претходна статијаOrange тврди дека нивната самостојна 5G мрежа во облак е прва во Европа
Следна статијаMastercard ќе престане да става магнетни ленти на своите картички почнувајќи од 2024
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.