На прес-конференција, CTIO на Orange, Мајкл Трабија рече дека тоа ќе биде експеримент на „мрежата на иднината“ со пилот дизајниран да создаде нацрт план за агилна инфраструктура со „без допир“, користејќи вештачка интелигенција и автоматизација за оптимизација и одржување.

Trabbia рече дека SA 5G мрежата ќе биде целосно во облак, вклучувајќи ги RAN, јадрото, ИТ системи, OSS и BSS и ќе користи посебни компатибилни мобилни уреди.

Снабдувачи на Orange во пилот мрежата се: Mavenir за Open RAN; Casa Systems за основната мрежа; Hewlett Packard Enterprise за SDM; Dell за инфраструктура и сервери; Amdocs за BSS и Xiaomi за уредите.

Проектот ќе почне во Ланион, северна Франција со 50 крајни корисници, пред да биде проширен за да опфати стотици до крајот на годината.

Во текот на 2022 година, Orange очекува дeка ќе може да го прошири проектот на други локации (првично во Франција) со потенцијал за тестирање на случаи на вертикална употреба преку режење на мрежата.

Објаснувајќи го образложението за тестот, Трабија додаде дека „технологијата созрева прилино брзо, но се уште не е носител и треба да работиме на тоа“, посочувајќи на фактот дека е „критично“ целосно да се процени оваа технологија пред целосното воведување.

Претходна статијаHonor ја претстави Magic3 серијата – ќе дојде со Google апликации и ќе биде достапна на интернационалниот пазар
Следна статијаTinder воведува можност за потврда на идентитетот на корисниците со личен документ