Фото: Shutterstock.com

TikTok стана првата апликација која не е од Facebook и не е игра, која е симната повеќе од 3 милијарди пати на продавниците за апликациите на двете мобилните платформи. Оваа информација доаѓа од компанијата Sensor Tower од каде истакнуваат дека во бројките влегуваат симнувањата од Play Store и App Store, кинеската верзија Douyin, без прединсталирани апликации и неофицијални продавници.

Според бројките од Sensor Tower, TikTok е најмногу симнувана апликација која не е игра во првата половина од 2021 со 383 милиони први симнувања. Апликацијата исто така има направено скоро 1 милијарда долари од корисниците.

Овој успех на TikTok доаѓа и покрај проблемите кои ги имаше минатата година со администрацијата на Доналд Трамп, како и тргањето на апликацијата од Индија. Поради тргањето од Индија бројот на нови инсталации во споредба со минатата година е намален, но тоа сепак не ја спречи апликацијата да го достигне успехот.

Досега единствените апликации кои ја имаат поминато бројката од 3 милијарди симнувања беа Facebook, Messenger, Instagram и WhatsApp.

TikTok исто така ги стигна и апликациите како Tiner, Netflix, YouTube и слично, во потрошувачката од корисниците која ја помина сумата од 2,5 милијарди долари.

ИЗВОРSensor Tower
Претходна статијаNetflix го најде човекот за проширувањето на содржината на сервисот со игри
Следна статијаSamsung ја претстави Интернет 15.0 Бета верзијата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.