Snapchat започна со тестирање на веб пристап до сервисот во јули оваа година. Тестот им беше пуштен на ограничен број на земји, како и во главно на корисниците кои плаќаат за сервисот, со што добиваат и ексклузивен пристап до нови функции порано од останатите корисници.

Сега овој пристап им е пуштен на сите корисници, па секој кој сака може да седне на компјутер и да го користи сервисот со целосна тастатура.

Snapchat преку веб на корисниците им овозможува пристап до разговорите, како и можност за правење на аудио и видео повици. Доколку се покаже како корисно, од компанија во иднина планираат да ги воведат некои од останатите функции од Snapchat и на веб верзијата.

Snapchat остана една од последните компании кои немаа веб верзија од својата апликација. Дури и Instagram, мрежа која исто така започна на мобилните, одамна веќе има веб пристап овозможувајќи им на корисниците да ја користат мрежата и кога се на нивните компјутери.

Се разбира, главните функции и намена на ваквите сервиси и мрежи, остануваат најдобри за користење преку мобилните.

Покрај ова, од Snapchat најавија и уште неколку новини за нивната апликација. Најавени се „виџети“ за новиот iOS 16 „заклучен екран“, кратенки за разговорите кои не се отворени, како и нови стикери за поставување на прашања.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаЦелосно новиот Redmi A1 ги носи најпопуларните функции по одлична цена
Следна статијаЕма Донев, младата научничка со македонско потекло сака да стане астрофизичарка, а ние можеме да и помогнеме во остварување на нејзините соништа
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.