Со оглед дека претходната верзија од Skype го носеше бројот 6.2, надградбата на верзија 7.0, а не се работи за целосно нова апликација со поголем број на новости, е малку чудно. Како и да е, новата верзија не е без новости, па да видиме што истата донесува.
Изгледот, односно корисничкиот интерфејс е освежен и до некаде променет. Не се забележуваат некои значителни разлики, меѓутоа направени се одредени негови подобрувања од неговото пуштање за првпат при крајот на Октомври, кои што се стандардни при надградувањето на апликациите.
Промена која што полесно може да се забележи е Compact View, односно компактен поглед кој што може да се избере за листата со контакти од десната страна, како и за разговорите. Она што го овозможува овој поглед, како што може да се претпостави од самото име, е можноста за намалување на просторот кој што се зазема со одредени работи во корисничкиот интерфејс. Кога ќе го вклучите на летата со контакти, сликичките кои што стојат до секој контакт се тргаат, со што се овозможува повеќе контакти да бидат прикажани на истиот екран, односно големина на прозор.
Доколку го вклучите овој поглед за разговорите, се добива мало намалување на растојанието помеѓу „балончињата“ во кои што се сместени разговорите, повторно со истата цел, добивање на повеќе содржина истиот простор.
Вклучувањето на компактниот поглед се прави преку View > Compact Sidebar View за лентата со контактите, како и преку Tools > Options > IM Settings.
Додатно, бизнис корисниците на Lync сега имаат можност да прават видео повици со нивните Skype контакти. Можноста за разговори и видео повици помеѓу овие две платформи кои што треба да се спојат во Skype for Business, беше додадена пред одреден период.
Извор: Skype