einstein-hero

Вчера од страна на Princeton University беше претставен The Digital Einstein Papers проектот кој што овозможува слободен пристап до илјадници документи од Алберт Ајнштајн за сите заинтересирани корисници. Документите се објавени на посебна страна за оваа намена и истите се достапни на англиски и германски јазик.

Моментално се достапни повеќе од 5.000 документи од животот на Ајнштајн, а се работи на дигитализација на сите документи за кој што тој ги има отстапено правата на Princeton University Press и Hebrew University of Jerusalem.

Документите кои што се достапни вклучуваат пишани белешки, писма, разгледници, дневници и слично. Во документите можат да се најдат и неговите изводи од раѓање, оценки во училиште и слични.

Ова не е првата онлајн архива на документи од Ајнштајн, таква веќе постои и е одржувана од страна на Hebrew University, меѓутоа според развивачите на The Digital Einstein Papers, оваа архива треба да биде поголема, а исто така полесна за пребарување и користење.

Средувањето на огромниот број на документи оставени од страна на Ајнштајн го прави Diana Kormos-Buchwald, професор по физика на California Institute of Technology. Таа веќе има обработено и објавено 13 томови во печатена форма од 30 на кој што планира да работи.

Наредниот том од работата се очекува да биде завршен на почетокот од идната година, по што исто така ќе биде достапен во дигитална форма преку оваа страна.

Извор: The New York Times, The Verge, einsteinpapers.press.princeton.edu

Претходна статијаSkype за Windows десктоп надграден на верзија 7.0
Следна статијаWindows 10 се очекува да биде официјално достапен во втората половина од 2015
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.