Signal е апликацијата број 1 кога се во прашање тајни, шифрирани разговори. Оваа компанија го развива и најпознатиот и најмногу користен протокол за шифрирани разговори, со што оваа компанија ја направи позната во време кога стана јасно дека приватноста е нешто релативно.

Од Signal изминатото лето најавија дека работат на воведување на можност за групни видео повици, се разбира исто така шифрирани како и се друго на оваа апликација. Јасно е дека мотивацијата за оваа нова можност доаѓа од потребите за ваков вид на комуникација во 2020, па нема сервис за разговори кој не воведе нешто вакво.

Вклучувањето на групните повици е едноставно како што би се очекувало, односно се што треба е да се притисне на копчето за видео повик во групата. За почеток сепак бројот на учесници во групниот видео повик е ограничен на 5, но од компанијата најавуваат дека со тек на време таа бројка ќе се зголеми.

Јасно е дека целта на Signal не е да конкурира на сервисите како Zoom, Microsoft Teams и слични, за големи групни повици во компаниите, образованието и слично. Signal повеќе цели кон обичните корисници за приватна комуникација, односно конкуренцијата е на Viber, Facebook Messenger и сличните.

За да се користи новата можност за групни видео повици, треба да се има најновата верзија од Signal за Android и iOS.

ИЗВОРSignal
Претходна статијаZoox од Amazon го претстави своето автономно, целосно електрично такси
Следна статијаНасоки за инклузивно медиумско известување за Ковид-19
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.