Zoox е компанија која започна со својата работа во 2014 година со цел да развие автономно, целосно електрично возило кое ќе се користи за превоз на патници, односно кратко кажано такси.

Amazon ја купува компанијата оваа година и истата сега конечно го прикажа својот финален производ кој сигурно ќе го видиме во градовите во САД, иако оваа компанијата не е единствената која развива производ за овој пазар кој ќе станува се повеќе привлечен.

Возилото кое беше презентирано во текот на вчерашниот ден може да се каже дека изгледа одлично, направено е во модерен стил, а исто така се истакнува дека има поставеност за седење како „кочија“, односно двете клупи на кои може да седат четири лица, се свртени една кон друга.

Ова е овозможено поради тоа што се работи за целосно автономно возило кое нема ни волан, односно не е замислено да може да биде контролирано од човек. За таа цел тоа е опремено со доста голем број на сензори како LIDAR, радари и камери, а тука е да помогне и вештачката интелигенција.

Сензорите овозможуваат 270 степени покриеност околу четирите страни, односно агли од возилото со што не се остава простор за точки кои не може да бидат видени.

Возилото од Zoox исто така е карактеристично по тоа што може да се движи во два правци, а со оглед на тоа што нема волан, возилото слободно може да се каже и дека нема предна или задна страна. Со можноста за вртење на сите четири тркала, возилото добива одлична можност за маневрирање во сите можни ситуации.

Од Zoox истакнуваат дека возилото е опремено со 100 иновации од областа на безбедноста кои не се дел од стандардните возила. Со тоа треба да стане јасно колкав дел од развојот е посветен само на безбедноста.

Батеријата на Zoox е една од поголемите кои се вградуваат во електричните возила и е со капацитет од 133 kWh, со што се добива можност за 16 часа непрекинато возење додека треба да се застане за полнење.

Брзината со која возилото може да се движи е околу 120 километри на час, со што се остава отворена можноста да вакви „роботакси“, како што ги нарекуваат, може да возат во иднина и по автопатиштата.

Во продолжение можете да го погледнете официјалното преставување на возилото од страна на Zoox.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаТретирање на интоксикација со алкохол преку уред за хипервентилирање може да го промени начинот на спасување на пациентите
Следна статијаSignal доби поддршка за групни шифрирани видео повици
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.