UHN

Канадската компанија Thornhill Medical, профитна компанија произлезена од University Health во Канада, успеа да открие начин како ефикасно да се направи вадење на алкохолот од крвта и со тоа да им се помогне на милионите луѓе во светот кои годишно го губат животот поради труење, од кратко кажано преголема количина на пиење.

Од компанијата го имаат пренаменето нивниот уред ClearMate кој веќе го користат за пациентите кои имаат труење со јаглерод моноксид. Овој уред овозможува да преку хипервентилација се отстрани алкохолот во крвта, преку белите дробови, до три пати побрзо од што самиот организам е способен да го направи на природниот начин, односно преку црниот дроб.

Поради губењето на поголема количина на јаглерод диоксид и ризик од онесвестување и други последици, овој уред му овозможува на пациентот да го врати назад потребниот јаглерод диоксид при брзото дишење во него.

Иако оваа машина во главно се смета дека ќе донесе голема промена во третирањето на луѓето кои се во животна опасност, се истакнува дека истата може да се користи за едноставно отрезнување. Можеме само да замислиме колку би се продавало вакво нешто доколку е лесно достапно за сите.

Сепак, истражувањето од компанијата моментално е направено на помал број на луѓе, па ClearMate не е нешто што веднаш може да се очекува дека ќе биде одобрено за користење кај луѓето со поголема количина на алкохол во крвта.

ИЗВОРCnet
ИЗВОР 2UHN
Претходна статијаНовите Samsung MicroLED телевизори од 110 инчи овозможуваат и до четири различни содржини во текот на гледањето
Следна статијаZoox од Amazon го претстави своето автономно, целосно електрично такси
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.