Скопје, 9. Септември  – Samsung Electronics објави дека ќе биде домаќин на Samsung Developer Conference 2022 (SDC22) во конгресниот центар Moscone North во Сан Франциско на 12 октомври. Темата на овогодинешната конференција, која ќе биде организирана и во живо и онлајн, се плановите на компанијата за развој на платформата SmartThings и соработка со програмерите и креаторите за создавање поврзани искуства од новата генерација за милиони луѓе ширум светот.

На конференцијата SDC22, се очекува Samsung да ги претстави надградбите на својот софтвер, услуги и платформи, вклучително и SmartThings, за да овозможи подобар, поповрзан свет за сите нас. Компанијата ќе ја прикаже својата визија за технологијата Calm, каде уредите беспрекорно се поврзуваат за поинтелигентно корисничко искуство.

Конференцијата SDC22 ќе ја отвори Јонг-Хи Хан, потпретседател, извршен директор и раководител на Samsung Device eXperience, кој ќе зборува за визијата на компанијата. Нему ќе му се придружат и други директори на компанијата, кои ќе презентираат стратегии во области како што се идните технологии. Meѓу говорниците ќе се најдат и:

  • Себастијан Сунг, претседател и директор за истражување во Samsung Electronics
  • Јанги Ким, извршен потпретседател, заменик-директор на тимот за истражување и развој, Оддел за визуелен приказ, Samsung Electronics
  • Сенг Ким, виш потпретседател и директор за производи и маркетинг, Samsung Electronics Америка
  • Џејн Јанг, потпретседател и директор на SmartThings, одделот за мобилно искуство во Samsung Electronics
  • Хесун Јанг, потпретседател и групен директор за планирање на истражување и развој, Одделение за мобилни искуства, Samsung Electronics
  • Марк Бенсон, извршен директор на SmartThings
  • Анил Јадав, директор на Bixby Lab, Samsung Research Americas

Покрај главното обраќање, конференцијата SDC22 ќе организира и специјални сесии отворени и за присутните и за онлајн учесниците, кои ќе имаат можност да соработуваат и да научат  нешто повеќе за најновите платформи на Samsung и алатките за програмери, како што се Bixby, One UI 5, SmartThings and Matter, Samsung Wallet, Tizen итн., како и за можностите за истражување на партнерските екосистеми.

Самиот настан нуди практично искуство на Samsung Technology Square, вклучувајќи можност за тестирање на нови сценарија SmartThings и најновите иновации на Samsung. Учесниците кои ќе присуствуваат лично ќе имаат и можност за нетворкинг и различни активности на лице место.

SDC22, исто така, ќе вклучи дополнителни активации за онлајн присутните, како што е Лабораторијата за кодирање, каде што програмерите можат да ги усовршат своите вештини за кодирање.

За повеќе информации за Samsung Developer Conference 2022, посетете ја http://developer.samsung.com/sdc.

Претходна статијаТрите главни новини кај iPhone 14 Pro телефоните
Следна статијаGoogle работи на „почисти“ телефонски разговори во Android 13
0 0 votes
Article Rating
Subscribe
Notify of
guest

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments