Google планира да го направи попријатно разговарањето со луѓето кои додека се на телефонски повик прават уште нешто, како куцање на тастатура, грицкање чипс, преместување работи и слично, а тука се секако и останатите звуци од околината.

Се работи за веќе стандардното користење на технологија за поништување на заднинската бучава која во овој слуачј доаѓа при телефонските разговори.

Новата функција моментално е дел од тест верзиите од Android 13, оперативен систем кој е официјално пуштен, а е наречена „Clear Calling“.

Корисниците ќе имаат избор дали сакаат да ја вклучат оваа функција, исто како што е кај сервисите за видео конференции. Тоа е добро затоа што не секогаш ваквата технологија дава добри резултати, па се случува да ги „поништи“ дел и од звуците од разговорот.

Според информациите, оваа нова функција треба да може да функционира на било кој од достапните уреди, а со оглед на тоа што во главно поновите ќе добијат надградба на Android 13, јасно е дека ќе нема хардверски ограничувања.

Што се однесува до тоа кога корисниците кои немаат Google Pixel уред ќе го добијат Android 13, тоа останува како и обично, процес кој трае неколку месеци по пуштањето на официјалната верзија од оперативниот систем.

Samsung доста го има забрзано овој процес, па најновите телефони може да ја очекуваат надградбата овој или идниот месец, по што останатите ќе следат до крајот на годината.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаSamsung воведува нова ера на Calm технологија за платформата SmartThings на конференцијата SDC22
Следна статијаInstagram тестира можност за споделување на јавни објави
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.