Shutterstock.com

Една од стандардните можности на другите друштвени мрежи никогаш не стана достапна на Instagram. Ова е една од работите кои ја прави Instagram мрежата поразлична, па можноста да се сподели туѓа објава едноставно не беше во рамките на стилот на оваа мрежа.

Ова изгледа ќе се промени, па од Instagram веќе ја тестираат можноста за споделување на друга, односно туѓа објава на сопствениот профил. Оваа можност се нарекува „repost“ и очекувано може да се искористи само за споделување на јавни објави, односно на објави од јавни профили.

Корисниците и сега можат да споделат објава од јавен профил, но тоа може да се направи само преку Stories или да се испрати објавата преку приватна порака.

Споделените објави треба да добијат посебен дел на профилот на корисникот, како што сега тоа е случајот со Reels видеата и сликите во кои корисникот е означен.

Од Meta ја потврдуваат оваа информација и истакнуваат дека тие ја разгледуваат можноста корисниците да можат да споделуваат на нивната листа со нови објави, слично со начинот на којшто тоа се прави во Stories. На овој начин корисниците ќе можат да споделуваат работи кои им се интересни, а корисниците кои ја имаат направено оригиналната објава ќе добијат заслуга за својата работа.

Дали и кога оваа нова можност би била пуштена за сите корисници засега нема информација, а како и обично тоа ќе зависи од резултатите од тестот.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаGoogle работи на „почисти“ телефонски разговори во Android 13
Следна статијаКаратистите на „Макпетрол“ освоија 15 медали на купот на шампиони во Подгорица
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.