BitTorrent апликациите се достапни на Android уредите веќе подолг период. Покрај remote апликацијата преку која што можете да го контролирате десктоп клиентот која што е достапна на повеќе платформи, целосна апликација за симнување на torrent-и е достапна на Android оперативниот систем.
BitTorrent за Android верзија 2 е целосно редизајнирана и сега има модерен изглед кој што е многу поедноставен и интуитивен за користење. Меѓутоа новиот изглед не е единствената нова работа во оваа верзија. BitTorrent сега е приближен повеќе до неговата десктоп верзија преку воведување на неколку можности за контролирање на фајловите што корисникот ги симнува.
Поточно, наместо симнување на целиот torrent, сега корисниците ќе имаат можност, исто како на десктоп, да изберат кои фајлови од torrent-от сакаат да ги симнат. Со тоа ќе го заштедат интернет сообраќајот што ќе го направат, а уште поважно просторот на меморијата на уредот. Исто така воведена е можноста за избор на бришење само на torrent-от и torrent и фајлот на уредот. При симнување на torrent-и корисниците сега имаат можност да ја изберат локацијата каде што сакаат да го зачуваат фајлот што го симнуваат. Со додатокот на овие функции може да се каже да корисниците добиваат целосна апликација која што може да го замени десктоп клиентот за мобилните потреби.
Покрај BitTorrent надградена е и uTorrent апликацијата која што е во сопственост на BitTorrnet веќе подолг период. Апликациите се достапни преку Play Store и можете да ги ажурирате или симнете.
[showcase id=”4587″]