LastPass, еден од најпознатите сервиси за чување на лозинки, објавија дека нивните системи биле пробиени во безбедносен инцидент кој се има случено пред две недели. Корисниците нема потреба да направат ништо, а нивните податоци во овој случај не биле погодени.

Инцидентот се има случено во дел од развојната платформа за сервисот, а до тоа е дојдено преку пробиена сметка на еден од програмерите. Земени биле делови од изворниот код кој е отворен, како и одредени технички информации.

Од компанијата истакнуваат дека тие веднаш имаат применето мерки за ограничување и ублажување на можните штети, а имаат ангажирано и компанија за сајбербезбедност и форензика.

Тоа што е најважно е што не е добиен пристап до корисничките податоци, односно лозинките и другите информации од корисниците. Сервисот е прилично безбеден, односно користи технологија за шифрирање, па лозинките не се чуваат во обичен текст на серверите, а пристап до нив имаат само корисниците.

Од LastPass не истакнуваат повеќе за случајот, па можеби останува прашањето што би можеле да направат хакерите со украдените информации во иднина.

Овој сервис имаше неколку проблеми изминатите години, од уште еден безбедносен инцидент, па купување на компанијата и промена на цените. Доста корисници се решија да преминат на друг сервис овие години, а ние го препорачуваме бесплатниот Bitwarden.

ИЗВОРgHacks
Претходна статијаПо неколку месеци пауза поради зимата на Марс, Ingenuity го направи својот 30ти лет на оваа планета
Следна статијаGalaxy Z Fold4 – Пристигна новиот наследник – ви ги откриваме клучните новитети на неверојатниот Galaxy Z Fold4
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.