Како што веќе ни е познато, Microsoft работи на нова Outlook апликација која треба да ги обедини сега неколку достапните верзии од истата. Поточно, веб верзијата на outlook.com, Outlook верзијата која доаѓа со Office апликациите, како и Mail апликацијата која доаѓа со Windows, во иднина треба да бидат заменети со новата апликација.

Оваа нова апликација најмногу наликува на веб верзијата, а истата е направена на таа основа, која веќе и изгледа најмодерно.

Microsoft почна со тестирање на новиот Outlook, конечно после долго време на шпекулации, во мај оваа година, а од минатиот месец истата можат да ја пробаат сите корисници, вклучувајќи ги и тие кои користат приватни сметки.

Сега апликацијата е достапна и во Microsoft Store, па корисниците не мора да го инсталираат Office пакетот и да се приклучуваат во Office Insider програмата за да можат да ја вклучат новата верзија.

Outlook for Windows во Microsoft Store може да се симне преку овој линк, а уште едно од најголемите ограничувања кои остануваат е неможноста да се поврзат повеќе сметки, но тоа треба наскоро да биде овозможено.

Претходна статијаGoogle ја прекинува поддршката за Chrome на Windows 7/8 на почетокот од идната година
Следна статијаЧетири идеални филмови за Ноќта на вештерките
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.