Најстрашната ноќ во годината може да биде и најзабавна. Ви предлагаме четири филмови од стриминг сервисот Pickbox NOW – научно фантастичниот трилер Вивариум (Vivarium), минималистичкиот трилер Сама (Alone), психолошкиот трилер Царство на спомените (Possession) и британскиот хорор Светлина во мракот (Half Light).

Следува сè што треба да знаете за овие филмови:

Вивариум (Vivarium, 2019)

Одлична актерска екипа, интригантна и интересно бизарна приказна го прави овој филм идеален за гледање на Ноќта на вештерките. Научно фантастичниот трилер на Лоркан Финеган е меѓународна копродукција помеѓу Белгија, Финска и Ирска. Во главните улоги се англиската актерка и манекенка Имоџен Путс (Need For Speed, The Father) и американскиот актер Џеси Есенберг (The Social Network, Zombieland, Now You See Me).

Дејството се врти околу младиот пар Том и Џема, кои размислуваат за купување на својата прва куќа. Ја посетуваат агенцијата за недвижнини каде што ги прима необичен продажен агент, кој ги следи во новата, таинствена, посебна станбена населба за да им ја покаже семејната куќа. Таму се заробени во надреална ноќна мора слична на лавиринт.

Сама (Alone, 2020)

Сама (Alone) е минималистички напнат трилер за преживување, кој ќе ви овозможи напнато и восхитувачко искуство. Во главната улога е феноменалната американска актерка Џули Вилкокс (Bloodline, FBI: Most Wanted) како Џесика Свонсон, вдовица која се обидува да се помири со фактот дека мажот ѝ извршил самоубиство. Заминува на пат сосема сама, но на патувањето постојано среќава еден ист маж…

„Овој минималистички трилер за преживување се одвива со таква елегантна едноставност што ќе ве воодушеви”, пишува Њујорк Тајмс.

Самрак (Half Light, 2006)

Британскиот хорор на режисерот Крег Розенберг ќе ве воодушеви со морничавата приказна и фантастичната актерска екипа на чело со Деми Мур. Дејството се врти околу успешната писателка Рејчел која е скршена кога нејзиниот седмогодишен син ќе се удави во раскошната куќа. Една година подоцна, бракот ѝ е пред распад, а иако добила висок аванс, сè уште не почнала да работи на новата книга. Нејзината најдобра пријателка ѝ организира престој во осамена колиба во оддалеченото крајбрежно село за да дојде на себе. Рејчел полека се привикнува на животот во шармантното село, а наскоро развива однос со Ангус, светилничар на островот. Но, Рејчел почнува да добива пораки од мртвиот син кои ја предупредуваат на опасност и така е втурната во бездната на лудилото, убиството и натприродното.

Царство на спомените (Possession, 2009)

Психолошкиот трилер Царство на спомените (Possession) со Сара Мишел Гелар во главната улога е римејк на корејскиот филм Addicted. Во фокусот на приказната е Џес, жена чиј живот станува надреален откако автомобилска несреќа ги остава нејзиниот сопруг Рајан и нејзиниот девер Роман во кома. Работите стануваат уште помрачни кога Роман ќе се разбуди верувајќи дека тој е Рајан. Додека Џес се обидува да се носи со тие сè повознемирувачки настани, таа исто така се бори со можноста дека ѝ се вратил духот на нејзиниот сопруг или дека нешто многу злокобно е на дело.

Ви посакуваме морничава и надреална прослава на Ноќта на вештерките, а сите препораки на Pickbox NOW погледнете ги  овде.

Претходна статијаPreview верзијата од новиот Outlook стана достапна во Microsoft Store
Следна статијаСкопје ја доби првата училница на отворено достапна за сите