Во неделите што следат корисниците на Android ќе почнат да имаат пристап до нов дел во Play Store наречен Data safety преку кој ќе можат подетално да видат кои информации и зошто ги собираат апликациите.

Ова е нешто што Apple го воведе во нивната App Store во 2020, со тоа што од оваа компанија отидоа чекор понатаму овозможувајќи им на корисниците и избор да не бидат следени од апликациите што прават на другите апликации.

Новиот дел за безбедност на податоците во Play Store ќе ги прикажува сите промени поврзани со информациите кои се собираат, но и сите новини кои се дел од новите верзии од апликациите.

Програмерите имаат рок до 20 јули да го пополнат овој дел, но не е истакнато како Google ќе ја потврдува точноста на внесените информации.

Преку Data safety делот корисниците ќе можат да ги видат сите информации кои апликациите ги собираат, како локација, имејл адреса и слично, која е причината за собирање на тие информации, дали се споделуваат со трети страни, дали податоците се шифрирани за време на преносот, дали апликацијата ги следи политиките на Play Store за безбедност на децата и слично.

Подоброто разбирање на какви се информации треба да се споделат со апликациите е одлично пред некоја апликација да биде инсталирана. Има апликации кои собираат информации кои може да биде нејасно зошто им се потребни со оглед на видот на апликација, па корисникот може да се одлучи да не ја инсталира истата.

Play Store веќе ги прикажува информациите кои апликациите ги собираат, но во краток дел каде не е дополнително објаснето со која цел и дополнителните информации кои сега ќе бидат дел од Data safety.  

ИЗВОРGoogle
Претходна статијаTwitter го заклучи својот код за да не го уништат незадоволните вработени
Следна статијаBitwarden додаде можност за генерирање на кориснички имиња
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.