По достапноста само за корисниците на Samsung телевизорите, сега и корисниците на LG ќе можат да ја инсталираат Hue Sync TV апликацијата од Philips.
Оваа апликација во основа ја менува потребата од купување на Hue Play HDMI Sync box уредот, а нивната намена е да ја препознаат бојата и светлината на содржината која се прикажува на телевизорот и да ја синхронизираат со Hue сијалиците и лентите кои ги има корисникот.
Со оглед дека уредот се продава за цена од 350 долари, а кај нас е уште поскап, користењето на апликацијата е одлична алтернатива, иако и таа не е бесплатна. Може да се користи со месечна претплата од 3 долари или еднократно плаќање од 130 долари.
Hue Sync TV апликацијата секако е наменета за корисниците кои веќе користат повеќе видови на Hue сијалици и ленти, а тие што планирале да купат, сега можат да ја земат и оваа нова вест во предвид.
Синхронизирањето може да се прави за филмовите и сериите достапни на стриминг платформите, а исто така може да се прави и за играње на игри.
За жал, достапноста на апликацијата е за поновите телевизори од LG, односно моделите од 2024 и понови, а кај Samsung достапноста е за телевизорите од 2022 и понови.
Апликацијата се инсталира и плаќа директно преку телевизорот.