Минатиот месец Microsoft го претстави својот Majorana 1 квантен чип за кого се тврди дека има направено голем пробив во технологијата и дека чекањето за квантни компјутери сега ќе се мери во години, а не во децении.
Majorana 1 треба да го реши еден од главните проблеми кај квантните чипови, а тоа е успешното создавање и задржување на квантните битови, односно кјубитови. Тоа би се постигнало со материјалот од кој е направен чипот, таканаречен „топоспроводник“, кој е направен од полуспроводник и суперспроводник.
Сепак, видеото кое можете да го погледнете на крајот од оваа статија, навлегува во практичната примена на тоа што Microsoft го објави и се тврди дека Majorana 1 сепак не успева да создаде и одржи кјубитови.
Дури се истакнува дека од компанијата никаде и не тврдат дека тие ги имаат создадено потребните кјубитови, што е точно, па сега се поставува прашњето дали и можат.
Според дел од луѓето кои се стручни во оваа област, Microsoft треба да ја повлече студијата која ја имаат објавено.
Сега се поставува прашањето, дали функционалните и практично употребливи квантни компјутери, сепак се децении оддалечени од сега.