shazam

Shazam е одлична апликација која што многу добро се наоѓа во ситуации кога не можете да се сетите која е песната што ја слушате, или едноставно да си креирате листа со песни што сте ги слушнале некаде, па подоцна да ги купите или симнете од интернет. Иако скоро и да нема некој што не ја користи или барем да слушнал за неа, истата се соочува со еден проблем. Корисниците во главно ја користат да ја препознаат музиката што ја слушаат и ја затвораат апликацијата. Shazam веќе одреден период се обидува да ја зголеми вклученоста на корисниците во користењето на апликацијата и истата да се користи повеќе од обичен препознавач на музика.

Со цел корисниците повеќе време да поминуваат на апликацијата, односно по препознавањето на музиката да не ја затворат, Shazam почнува серија на надградби кои ќе донесат повеќе функции. Надградбите прво ќе бидат овозможени на iOS, по што ќе следи и Android.

Во најновата надградба Shazam направи промена на страната за резултатите после препознавањето на музиката. Поточно корисничкиот интерфејс е поедноставен и овозможува лесно преслушување на песната на некој од музичките сервиси како Rdio и Spotify. Исто така овозможено е прикажување на текстот од песната во вистинско време, како и споделување на истата на социјалните мрежи или купување преку iTunes. Shazam на оваа страна ќе прикажува и препораки на друга музика која што можеби би ви се допаѓала согласно музиката што е препознаена.

Сепак дел од овие нови функции не се многу корисни за нашите корисници поради сеуште недостапноста на сервисите како Spotify во нашата земја и регионот, но текстот и препораките се секако добар додаток кој што може да се најде како корисна функција во одредени ситуации.

Извор: TechCrunch

Претходна статијаНова покана за Unpacked настанот на Samsung открива нови икони
Следна статијаКако да направите кратенки за исклучување и „заспивање“ на компјутерот во Windows 8
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.