Samsung испрати покани за Unpacked5 настанот кој што ќе се одржи на првиот ден од MWC 2014 во Барселона, а извори на New York Times го потврдија претставувањето на Galaxy S5 моделот кон кого е свртено целото внимание на јавноста, барем на делот кои што е навистина заинтересиран на оваа тематика.
Денеска на страна на официјалниот блог на Samsung Electronics може да се види слика поврзана исто така со Unpacked5 настанот, на која што се ставени нов тип на икони. Овие икони за многу претставуваат еден мал поглед во новиот дизајн на TouchWiz корисничкиот интерфејс на Samsung кој што го користи на своите телефони. Под секој од иконите може да се забележи текстот, Speed, Outdoor, Curiosity, Fun, Social, Style, Privacy, Fitness и Life, на кој што исто така стои бројката 5.
Покрај новите икони и повторното користење на бројката 5 која што асоцира на бројката на новиот Galaxy S, други нови информации на сликата нема. Потврдена е датата на одржување на настанот, 24 Февруари, како и можноста за следење на настанот во живо на http://youtube.com/samsungmobile.
Не останува уште многу за чекање, па наскоро сите ќе дознаеме што точно ново спрема Samsung да претстави. Се разбира сите нови информации ќе можете да ги прочитате на Smartportal.
Извор: Samsung Tomorrow