Google+_Gmail

Корисниците на Gmail на Android во периодот што следи ќе добијат неколку нови функции кои што треба да им го подобрат искуството со оваа доста користена апликација. Главната нова можност воведена со најновата верзија од Gmail e можноста за зачувување на прикачените фајлови во пораките, покрај како до сега на вашиот уред, директно во Google Drive, односно во облакот. Со ова доколку користите уред со малку меморија или можеби чувате доста работи на уредот, па веќе немате место, можете да заштедите доста простор, посебно ако често добивате фајлови преку email. Како што ви е познато, овие фајлови потоа ви се достапни на сите уреди од кои што имате пристап до cloud сервисот од Google, а тоа се поголемиот број на платформи.

gmail-android-screens

Покрај оваа можност, апликацијата вклучува уште неколку други функции. Spam пораките кои што автоматски се препознаени како такви и се ставени во соодветната папка, од сега ќе имаат кратко објаснување за причината поради која што се означени како такви. Ова е добро за ситуациите кога одредени пораки кои што не се spam имаат завршено во таа папка, па информацијата зошто е тоа така може да ви се најде како корисна.

Исто така менито кое што се појавува со повлекување од десната страна на екранот е поедноставено и сега покрај сандачињата вклучува и копче за брз пристап до прилагодувањата на апликацијата, како и помош и испраќање на мислење за неа.

Нова верзија од Gmail, односно надградбата постепено ќе биде овозможена за сите корисници во наредните денови, па можно е денес уште да не ја добиете.

Извор: Gmail Google+

Претходна статијаMicrosoft одржува Surface настан. Дали ќе го претстави Surface Mini ?
Следна статијаSpark: open-source софтвер и 3D принтер од Autodesk