Со пуштањето на новата 39-та верзија од Google Chrome, од денеска достапна е и бета од наредната верзија од прелистувачот, односно Chrome 40. Сите достапни промени кои што се достапни во верзијата уште не се целосно објавени, но затоа објавени се двете главни новини, барем до оваа фаза од развојот на верзијата.
Google Chrome 40 ја прекинува поддршката за SSL 3.0, нешто што го исклучи како можност за користење во 39-тата верзија од прелистувачот како поддршка доколку поновите верзии од SSL не функционираат на одредена страна. Од најновата верзија целосно е прекината можноста за користење на овој безбедносен протокол поради најдени пропусти кои што тешко дека некогаш ќе бидат средени.
Главната промена која што ќе го интересира обичниот корисник во бета верзијата е воведувањето на нов систем за омилени страни, односно Bookmark Manager. Новиот систем ќе биде пуштан постепено во неделите што следат, а до него може да се дојде како и до сега преку Bookmark Manager опцијата во Bookmarks.
Начинот на кој што ќе бидат организирани омилените страни не е нов, односно Google веќе одреден период имаше издадено додаток за прелистувачот наречен Stars. Во овој случај се работи за интеграција на тој систем директно во прелистувачот.
Досегашното претставување на омилените страни може да се каже дека е слично со прегледувањето на фајлови во File Explorer. Новиот систем ви овозможува многу подобар и едноставен кориснички интерфејс во кој што омилените страни се организирани автоматски во категории, па не мора самите да ги организирате. Сепак, доколку сте веќе активен корисник можете самите да ги организирате по ваша желба.
Омилените страни, наместо како обичен текст во една линија, сега се прикажано како поголеми слики кои што и самите можете да ги избирате и дури додавате одреден текст за полесно нивно организирање и пронаоѓање.
Папките со омилени страни, како и посебните страни можете да ги споделувате со вашите пријатели, а исто така тие ќе се синхронизираат со мобилните верзии од прелистувачот како што тоа беше случајот и досега.
Бета верзија од Chrome 40 можете да ја симнете преку следниот линк, но не очекувајте веднаш да ви биде достапен новиот Bookmark Manager.
Симни го Google Chrome 40 beta
Извор: Chrome blog, TechCrunch