Mozilla оваа недела ја пушти 109тата верзија од нивниот Firefox интернет прелистувач. Една од главните новини кај оваа верзија е поврзана со системот за додатоци, иако тоа не е нешто што повеќето од корисниците ќе можат баш да го забележат.

Првата новина поврзана со додатоците ќе им направи разлика на корисниците, барем на дел од нив. Firefox добива ново копче за додатоците на главната лента. Вакво копче веќе одамна има на Chrome и Edge, па на повеќето би требало да има е јасно за што се работи.

Преку копчето, кое е со икона од делче од сложувалка, може да се отвори делот за прилагодување на додатоците, како и да се избере кои додатоци да се прикажуваат на лентата. Пак би споредиле со ова копче на Chrome, па функционалноста е слична, односно има иста цел.

Втората новина е воведување на Manifest Version 3, нешто што е развиено од Google, но е одложено за имплементација уште некој месец. Од Firefox сакаат на време да се прилагодат на промените, а со мали измени од нивна страна додатоците за блокирање на рекламите и тракерите, нема да имаат проблем во функционирањето.

Најновата верзија на Firefox веќе е достапна и доколку не ви е автоматски инсталирана, може тоа да го направите со проверка за нови верзии.

Претходна статијаSamsung: Како страста и целта ги поттикнуваат мобилните иновации
Следна статијаMicrosoft најави отпуштање на 10.000 вработени до март
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.