Firefox Launcher за Android е апликацијата која што го заменува вашиот Home екран и преку неа ги извршувате сите стандардни активности, како отворање на апликации, организирање на екранот и слично. Firefox Launcher кој што е направен врз основа и во соработка со EverythingMe Launcher апликацијата е сеуште во развој, по што ќе биде достапна бета верзија за тестирање.
Целта на Firefox Launcher е да ви ја поедностави организација и барањето на апликации преку нивно прикажување зависно од периодот на денот, нивно организирање во папки зависно од типот на апликација, како и паметно пребарување на апликации кои што ви се инсталирани или се наоѓаат на веб. Овој тип на апликации се нарекуваат контекстуални, односно се прилагодуваат во нивната работа зависно од периодот од денот, вашата локација и слично.
На долната страна се наоѓа Лентата која што предвидува (Prediction Bar), односно на тој дел од екранот во различен дел од денот ќе ви бидат поставени различни апликации. На пример, наутро ќе ви бидат прикажани аларм апликациите што ги имате инсталирано, временска прогноза, вести и слични апликации. На пладне ќе ви бидат прикажани апликациите за состаноци, календар, вести, локација. На остатокот од екранот ќе ви бидат прикажани остатокот од апликациите организирани во папки, како на пример, игри, вести, забава, технологија, социјални мрежи и слично.
Оваа апликација исто така има посебен начин на пребарување кој што ќе ги прикажува апликациите преку кои што можете да го најдете тоа што го барате, како и апликации кои што ги немате инсталирано како предлог да ги инсталирате. Целта на овој Launcher е да покрај во помошта околу организирањето на апликациите, да ви помогне и да откриете нови апликации за кои што можеби не сте слушнале или ги имате заборавено.
Затоа што Firefox Launcher е направен на основа на EverythingMe, заработката која што би ја добиле од Mozilla ќе биде делена со нив. EverythingMe е Launcher апликација, која што работи на истиот начин како и Firefox Launcher и е достапна моментално во Play Store за мобилните телефони кои работат на Android оперативниот систем.
Во продолжение можете да го погледнете демо видеото од EverythingMe.
http://www.youtube.com/watch?v=9fHOYuzsIZo