Mozilla ја пушти наредната верзија од својот Firefox прелистувач, првата по редизајнот за кој рековме дека прави да повторно вреди да му се даде шанса. Firefox 90 е најновата верзија која донесува неколку новини, но во споредба со претходната, се работи само за мала надоградба.

Главната новина кај Firefox 90 е нов систем за заднинско ажурирање кој сега работи и кога не е вклучен прелистувачот. Ова е начинот на којшто работат Chromium прелистувачите, па корисниците кои имаат вклучено автоматско ажурирање, нема да мора да чекаат за инсталацијата на новата верзија, а посебно ако Firefox не го користат како главен прелистувач.

Firefox 90 исто така донесува подобрување кај системот за блокирање на интернет „тракерите“, поточно кај блокирањето на тракерите од Facebook. Сега Firefox за кратко ќе го исклучи блокирањето кога корисникот ќе сака да се најави на некоја страна преку Facebook. Претходно поради блокирањето ова нема функционирано. Блокирањето на тракерите од Facebook продолжува веднаш по најавувањето.

Официјалната листа со новини кај Firefox 90 можете да ја погледнете на овој линк.

ИЗВОРZDNet
ИЗВОР 2gHacks
Претходна статијаApple ќе нарача производство на iPhone за 20% повеќе од изминатите години
Следна статијаБеспрекорна прекугранична 5G конекција постигната во автономните автомобили
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.