VRR, односно Variable Refresh Rate, е функција која обично е поврзана со гејмингот. Истата, кратко кажано, овозможува синхронизирање на стапката на освежување на играта со стапката на мониторот или телевизорот со цел да не доаѓа до гледање на различни рамки за време на играта.

Ова е нешто што изминатите години почна да се користи во слична форма и кај мобилните, таблет компјутерите и кај некои лаптоп компјутери, за стандардното користење на уредот, односно не само при играње на игри.

Microsoft започна со тестирање на VRR функцијата кај нивниот Edge интернет прелистувач. Моментално функцијата е достапна во Canary верзијата од Edge, што значи дека не е познато дали и кога би била пуштена за сите корисници. Исто така, корисниците на Canary верзијата треба да ја вклучат преку edge://flags, односно не е додадена како стандардно прилагодување во Settings.

Фото: Reddit корисник u/Leopeva64-2

Тоа што го прави VRR функцијата кај Edge е привремено зголемување на стапката на освежување на екранот кога корисникот „скрола“, односно ја листа страната која ја разгледува. Со тоа добива повеќе мазна слика која, како што можеме да видиме кај мобилните, изгледа одлично, а е и попријатна за очите.

Секако, за да може корисникот да ја користи оваа функција, треба да има монитор кој ја поддржува, како и соодветен „драјвер“.

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаКритики кон познатиот Norton за вклучување на софтвер за „копање“ на крипто валути
Следна статијаИзлез: Втората сезона на норвешката серија за супер богатите пристигнува на Pickbox NOW
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.